Ливерпул губеше од „фенерџијата“ Саутемптон на полувреме и тоа предизвика голема нервоза кај менаџерот Арне Слот, кој поради одлежување на суспензијата одново го следеше мечот од трибините.
Слот го извади од игра Цимикас, Џоус и Мек Алистер, а во своето образложение за донесените одлуки, јасно стави до знаење дека бил незадоволен од целиот пристап на тимот.
– Донесов таква одлука за да го освестам тимот. На натпреварот против ПСЖ ни недостасуваше едно ниво кога е во прашање интензитетот, но бевме шест или седум нивоа под потребната граница. Немавме енергија и интезитет, морав да направам нешто поголемо на полувреме. Затоа извадив неколку играчи и внесов нови кои ни донесоа поголема енергија. Тоа беше единствената одлука со која знаев дека ќе го размрдам тимот, – изјави Слот кој на крајот се израдува на победа од 3:1.