Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, уште еднаш се осврна на ситуацијата со напаѓачот Мохамед Салах.
– Дефинитивно не ми се допаѓа ситуацијата со Салах. Заедно ја освоивме лигата, а тој направи толку многу за клубот. Тренерот не би требало да се најде во таква ситуација со својот фудбалер. Сепак, јас морам да го составам мојот тим врз основа на тоа што мислам дека е најдобро за клубот, изјави Слот за „BBC“.
На 11 декември се појавија информации дека Ливерпул го разгледува крилниот напаѓач на ПСЖ, Брејди Баркол, како замена за Салах.
Вчера „Индикаила њуз“ објави дека клубот од Саудиска Арабија е заинтересиран да го потпише напаѓачот на „Црвените“, нудејќи му на Египќанецот плата од 2,8 милиони евра неделно.
Салах се најде во составот на Ливерпул за денешниот натпревар од Премиер лигата против Брајтон. Тој го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Интер оваа недела.