Фудбал

СКАНДАЛ: Редари на ЕП претепаa навивач за награда од 50 евра? (ВИДЕО)

СКАНДАЛ: Редари на ЕП претепаa навивач за награда од 50 евра? (ВИДЕО)

Според информациите на германскиот весник „Билд“, обезбедувањето на Кристијано Роналдо (39) од „нападите“ на навивачите на теренот наводно довело до застрашувачка ескалација на насилство. Во Франкфурт, еден навивач се обидел да влезе на теренот за време на изведувањето на пеналите, но бил спречен од четворица редари меѓу трибините каде што се наоѓале навивачите.

Според информациите на „Билд“, на снимката се гледа како навивачот  удира еден од  обезбедувањето со нога и со глава. Набргу интервенирале и други лица од обезбедувањето кои брутално го претепале навивачот.

На снимките од бруталните сцени, објавени од португалскиот весник „Рекорд“, се гледа насилството снимено од друг навивач.

Полицијата која веднаш пристигнала на местото на настанот и почнала увид поради сомневање за физички повреди.

Како што дознава „Билд“, напаѓачите наводно се вработени во безбедносната компанија „Секуритас“, која ги обезбедува и натпреварите на домашната екипа ,Ајнтрахт Франкфурт.

Пред натпреварот на Португалија, организаторите ја предупредиле службата за обезбедување дека отсега па натаму ќе треба повеќе персонал на натпреварите на кои е присутен Роналдо и дека со оние кои ќе истрчаат на теренот треба да се постапува многу построго.

Сведокот за „Билд“ изјавил дека за време на прелиминарните состаноци, висок припадник на службата за обезбедување најавил награда од 50 евра за секој навивач што ќе биде спречен да втрча на теренот.

Можно е оваа награда да ги „инспирирала“ редарите да ја загубат контролата и насилно да се пресметаат со навивачите. Кога „Билд“ стапил во контакт со компанијата за обезбедување, тие не сакале да го коментираат инцидентот.

УЕФА соопшти дека „осудува каква било форма на насилство и е свесна за инцидентот меѓу редадите и навивачот за време на натпреварот Португалија – Словенија. Инцидентот што е снимен, предмет е на полициска истрага. УЕФА нема да дава други изјави за овој случај се’ додека не заврши истрагата“.

 

To top