Фудбал

Сити го прави Фоден еден од најплатените во Премиер лигата

Сити го прави Фоден еден од најплатените во Премиер лигата

Maнчестер Сити подготвува нов договор за англискиот репрезентативец Фил Фоден. Според најавите на островските медиуми, „граѓаните“ му нудат на Фоден договор на уште шест години.

Актуелниот договор на 24-годишниот фудбалер е со важност до јуни 2027 година и во овој момент заработува 200.000 фунти неделно, а со новиот се најавува и значително покачување.

Најавите се дека раководството на „граѓаните“ е спремно да му понуди плата од 376.000 фунти и договорот би требало да биде потпишан по Европското првенство во Германија.

Во изминатата сезона Фоден одигра 52 натпревари за Манчестер Сити и постигна 27 гола.

To top