Фудбал

Силекс славеше над Шкупи, додека Брера над Арсими

Силекс славеше над Шкупи, додека Брера над Арсими

Победи на домашните екипи на Силекс и АБ Брера во денешните дуели од 25 коло во ПМФЛ, против Шкупи и Арсими.

На натпреварот во Кратово, Силекс ја потврди улогата на апсолутен фаворит во дуелот со Шкупи и го совлада со убедливи 6-0.

Домаќините поведоа уште во петата минута со голот на Алиќ. Веќе во 10-тата минута Португалецот, Пиреш со својот деветти сезонски гол, зголеми на 2-0. стрелец на третиот гол за кратовци беше Мирчевски во 32.минута од пенал. Во вториот дел од носно 58.минута, Босанецот, Едис Кутуровиќ зголеми на 4-0. Петтиот гол за кратовци го постигна капитенот Дарко Ангелосвки во 62.минута од пенал. Илија Донов во 72.минута ги постави конечните 6-0 з Силекс.

Во Струмица, натпреварот почна со рано водство на гостите од Гостивар. Во третата минута Арсими поведе со 0-1 со голот на Шпанецот, Гони. Сам седум минути подоцна струмичани израмнија на 1-1, со голот од пенал на Филип Михаилов. Пресвртот дојде во вториот дел, односно 77.минута кога Леонардо Петровиќ со ефектен гол донесе водство и победа на АП Брера со 2-1.

За утре закажани се два натпревари и тоа на екипите што се борат за шампионскиот трофеј. Првакот Шкендија во Тетово го пречекува Пелистер, а Вардар е домаќин на Македонија Ѓорче Петров.

To top