Шпанската Ла Лига ги осуди расистичките навреди кои за време на големото дерби против Барселона беа упатени од трибините кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Реал на 28 октомври на гостински терен ја совлада Барселона со 2-1, а Винисиус повторно беше цел на расистички навреди како и на многу други натпревари изминатите две сезони.
Раководството на лигата во неделниот извештај на Фудбалската федерација на Шпанија наведе дека еден навивач на расна основа го навредувал Винисиус за време на минатонеделното „Ел Класико“ кое се одигра на Олимпискиот стадион во Барселона.
Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека ќе го истражи наводниот расистички инцидент на своите навивачи.