Фудбал

Шпанија му го продолжи договорот на Де Ла Фуенте

Шпанија му го продолжи договорот на Де Ла Фуенте

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, доби нов договор од федерацијата и ќе остане на кормилото на „фуријата“ до 2026 година, што значи дека најверојатно ќе го предводи тимот и на следниот Мундијал.

Стратегот е на чело на националниот тим од 2022 година и оттогаш успеа да забележи одлични резултати. Триумфираше во „А“ сегментот од Лигата на нации, а воедно избори и пласман на Европското првенство во Германија.

To top