Фудбал

Шпанците бараат девет години затвор за Дани Алвеш

Шпанците бараат девет години затвор за Дани Алвеш

Шпанското обвинителство официјално побара од судот да го осуди Дани Алвеш на девет години затвор за сексуалниот напад за кој беше обвинет Бразилецот.

Како што јави шпанската новинска агенција EFE, обвинителството бара девет години затвор за поранешниот фудбалер на Барселона, кој беше обвинет за кривично дело сексуален напад и осомничен за силување млада жена во резервирана просторија на ноќен клуб во Барселона.

Нападот се случи во декември минатата година.Според шпанските закони, максималната можна казна за силување е 15 години затвор. Обвинителството бара и Бразилецот да и плати отштета од 150.000 евра на жртвата.

Алвеш (40) е во притвор од јануари, а од самиот почеток на аферата тврди дека не е виновен и дека девојката која го обвинува за силување свесно прифатила да има секс со него. Она што не му оди во прилог е што откако влезе во притвор неколку пати го менуваше својот исказ.

To top