Фудбал овации

Шпалир, овации и достојно збогување: Модриќ не успеа да ги задржи солзите на последниот меч на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Лука Модриќ последен пат играше на „Сантијаго Бернабеу“ за Реал Мадрид во победата над Реал Сосиедад (2-0) во последната рунда од Ла Лига.

Хрватскиот фудбалер беше заменет пред крајот, а тоа значеше дека стадионот ќе има можност да го поздрави. Публиката го поздрави со аплаузи, фудбалерите на двете екипи му дадоа и „шпалир“, а тука беше неговото семејство и долгогодишниот партнер на средината од теренот Тони Крос.

Иако Модриќ долго беше присебен и ги држеше солзите, не издржа до крај и на крајот заплака крај аут линијата.

To top