Фудбал

Шок за Гвардиола: Едерсон го чека долга пауза!

Шок за Гвардиола: Едерсон го чека долга пауза!

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити ќе остане без услугите на голманот Едерсон во следниот месец, откако бразилскиот чувар на мрежата се повреди во дербито против Ливерпул.

Бразилецот направи пенал врз Дарвин Нуњез, но се здоби и со повреда поради која го чека пауза од еден месец.

Тоа значи дека Едерсон нема да брани против Њукасл, Арсенал и Астон вила, а се очекува негово враќање на дуелот против Кристал Палас.

To top