Фудбал Неочекуван настан

Шок во Охрид: Воска се повлече од терен на мечот со Вардар

По консултација со тренерот на домашната екипа, тимот на Воска Спорт замина во соблекувалната. Се чека на одлука на делегатот и судиите, односно на домашните, дали ќе се вратат да ја доиграат средбата.

Шок во Охрид: Воска се повлече од терен на мечот со Вардар

Неочекуван настан се случи на мечот меѓу Воска Спорт и Вардар, откако домашната екипа реши да се повлече од теренот незадоволна од арбитражата, пишува ГОЛ.МК.

Вардар успеа да дојде до израмнување со гол за кој потребна е ВАР-технологија да се утврди дали постои или не. Сепак, судиите го признаа, па домашниот тим продолжи со мечот. Имаше уште некоја дискусија на домашните со арбитрите.

По консултација со тренерот на домашната екипа, тимот на Воска Спорт замина во соблекувалната. Се чека на одлука на делегатот и судиите, односно на домашните, дали ќе се вратат да ја доиграат средбата.

Мечот е прекинат при резултат 1-1, а публиката скандира незадоволна од судењето, пишува ГОЛ.МК.

To top