Во првиот меч од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции, вечерва во Скопје, Шкендија беше поразена со 0:1 од силниот состав на Самсунспор.
Нашиот шампион покажа голема борбеност, желба, мотив, но сепак треба да се признае дека квалитететот е на страната на турскиот тим.
Реваншот со овој противник ќе се одигра во Самсунспор за седум дена за пласман во 1/8 финалето.
Победата на Самсунспор е сосема заслужена затоа што гостите доминираа во текот на сите 90 минути. Фактот дека Самсунспор имаше 70 отсто посед на топка, вкупно 15 шута кон голот на Шкендија и пет големи шанси, доволно отсликува какви биле силите на теренот.
Клучниот момент на средбата во Скопје се случи во 77 минута кога Мариус одлично се снајде во петерецот и искористи еден центаршут, матирајќи го голманот на Шкендија за водство на Самсунспор од 1:0.
ФК Шкендија веќе направи историски успех и стана првиот македонски клуб кој презими во едно европско натпреварување.