Последниот конгрес на УЕФА во Белград донесе гласање и за составот на новиот Извршен комитет на федерацијата како негово најважно одлучувачко тело, а своето место во него го загуби Украина.
Украинците објавија официјално соопштение, пренесувајќи ја изјавата на некогашниот напаѓач на Динамо Киев, Милан и Челси.
– Во текот на мојот живот и кариера, следев еден основен принцип – спортскиот. Верувам во фер, отворена и транспарентна конкуренција. Доаѓам од фудбалот и се залагам за фудбалот. За жал, последните неколку дена добивме јасни сигнали дека – поради политички фактори – и Украина и јас лично не сме добредојдени во раководството на УЕФА. Оваа загриженост ја потврдија и настаните што следеа за време на самиот конгрес, – вели Шевченко во дел од соопштението.