Фудбал

Шефот на судиите на УЕФА Роберто Росети гостин на доделувањето на ФИФА амблеми во Скопје

Шефот на судиите на УЕФА Роберто Росети гостин на доделувањето на ФИФА амблеми во Скопје

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од ПМФЛ како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година.

Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии.

„Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од Македонија. Потребни ни се врвни судии, потребен ни е квалитет. Отфрлете ги негативните мисли и дајте го вашиот максимум. Со нетрпение очекуваме да видиме судии од овие простори во нашите најголеми натпреварувања, во Лигата на шампионите, на Европските првенства и насекаде на меѓународната сцена. Сè зависи од вас“, порача Росети.

Тој упати благодарност и до раководството на ФФМ за континуираната поддршка кон судиската организација, потенцирајќи дека без силна поддршка од националните асоцијации не може да постои квалитетно судење. Росети ја истакна и важноста на инвестициите во услови за работа, организација и технологија, вклучително и во унапредувањето на ВАР системот.

Тој упати благодарност и до раководството на ФФМ за континуираната поддршка кон судиската организација, потенцирајќи дека без силна поддршка од националните асоцијации не може да постои квалитетно судење.

Росети ја истакна и важноста на инвестициите во услови за работа, организација и технологија, вклучително и во унапредувањето на ВАР системот.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во своето обраќање истакна дека федерацијата го исполнува ветувањето дадено пред една година, максимално да инвестира во судењето, во знаењето и едукацијата на судиите.

„Судиите се најважниот дел од судиската организација. Вашето однесување и вашите одлуки можат да го направат првенството многу полесно. Ние како федерација го правиме нашето, инвестираме во вашата едукација и развој. Од вас бараме да учите, да слушате совети од поискусните, да судите чесно и со минимум грешки. Убеден сум дека можете уште подобро. И покрај тоа, морам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој судите и се однесувате“, истакна Омерагиќ.

Семинарот беше фокусиран на напредна стручна анализа на ситуации од натпревари, унифицирање на критериумите, физичка подготвеност, како и употреба на современа технологија во судењето.

Повеќе од 70 судии и асистенти судии активно учествуваа во работните сесии, со цел дополнително унапредување на квалитетот на судењето во Прва МФЛ и создавање кадар подготвен за највисоки предизвици.

 

 

 

To top