Фудбал останува уште една година

Шчесни уште една година во Барселона

Шчесни уште една година во Барселона

Голманот на каталонскиот гигант Барселона за медиумите во Полска истакна дека се договорил со раководството на Барса да ја продолжат соработката најмалку за уште една година.

Познато е дека Шчесни (35 г), во Барселона дојде да биде резерва откако се повреди Тер Штеген, но набрзо не само што стана прв голман туку беше и еден од клучните фактори во тимот на Ханси Флик за освојување на трие трофеи сезонава.

Да, се договорив со Барса. Ќе потпишам едногодишен договор со опција за уште една сезона“ истакна Шчесни.

To top