Серхио Љуљ вечно ќе биде запишано во пребогатата историја на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид. Од вчера искусниот Шпанец е и нов рекордер надминувајќи го Фелипе Рејес во бројот на одиграни натпревари.
Дербито против Барселона за него беше 620-от натпревар во „белиот“ дрес, а рекордот го закити и со победа против вечниот ривал.
Љуљ ја игра 19. сезона во Реал Мадрид што исто така е и рекорд, а зад своето име запиша низа на трофеи од кои осум во шпанското првенство, шест во Купот на Шпанија, осум во Суперкупот и три во Евролигата.