Фудбал вмешан е соседот

Семејна драма на Нејмар: Обид за киднапирање на неговата ќерка, вооружан напад на родителите на неговата девојка

Откако заминале, по пристигнувањето на полицијата, и прегледот на видеоснимките утврдено е дека едно од лицата живее во близина на куќата на Бјанкарди па веднаш бил уапсен. Наоружаните лица побегнале и се уште се во бегство.

Семејна драма на Нејмар: Обид за киднапирање на неговата ќерка, вооружан напад на родителите на неговата девојка

Наоружани лица денеска во Сао Паоло се обиделе да ја киднапираат штотукуродената ќерка на најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар.

Во исто време родителите на неговата девојка Бруна Бјанкарди, за време на провалата во нивниот дом каде живее и ќерката на Нејмар, биле врзани во моментите додека фокусот бил кон Бруна и нејзината ќерка, пренесуваат јужноамериканските медиуми.

Поголемата група киднапери, од кои двајца наоружани, низ домот во Сао Паоло ги барале Бруна и нејзината ќерка, кои за среќа во тие моменти не биле во куќата. Брачната двојка Бјанкарди минале низ едночасовна тортура но за среќа минале без повреди. Од куќата е украдена поголема количина злато, накит и луксузни часовници.

To top