Белгискиот селектор Џакомо Тедеско, изненади сите со составот на Белгија за Европското првенство во Германија 2024, откако не го повика првиот голман Тибо Куртоа кој го чува голот на Реал Мадрид, и кој се врати после тешката повреда.
Тедеско објасни дека Куртоа и натаму не е подготвен да игра за Белгија, но чуден е фактот што тој брани во финишот на сезоната за Реал Мадрид, па дури може да се најде меѓу диреците во финалето во ЛШ на 1. јуни во Лондон.
„Тибо најдобро си го познава своето тело. Тој не е подготвен за настап на Европско првенство“, рече Тедеско.