Селекторот фудбалската репрезентација на Англија, Ли Карсли е во фокусот пред дуелот со Република Ирска, откако изјави дека нема да ја пее националната химна на оваа земја.
Ли Карсли е роден во Бирмингем, но има ирско потекло и како фудбалер забележа 40 настапи за оваа земја.
Стратегот ја разбранува јавноста со изјавата дека нема да ја пее националната химна на Англија, нешто што не го правеше ниту кога беше селектор на репрезентацијата до 21 година.
Тој сега појасни дека никогаш не ја пеел химната пред натпреварите и како фудбалер, па не планира сега да почне.