Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) започна истрага против фудбалер на младиот тим на Рома кој објави секс снимка на службеник на тимот кој потоа доби отказ.
Според италијанските медиуми, малолетниот фудбалер на младиот тим на Рома, во ноември минатата година под изговор дека мора да му се јави на својот агент, побарал мобилен телефон од службеникот на тимот кој работел во администрацијата.
Фудбалерот, според пишувањата на медиумите, на телефонот на службеникот пронашол видео снимка на која се гледа како службеникот има секс со девојка која исто така работела во Рома. Службеникот поради видео снимката добил отказ.