На денешната седница на Управниот одбор на нашето највисоко фудбалско тело (ФФМ) беше донесена одлука и секој клуб од Прва македонска фудбалска лига ПМФЛ да добие по 150.916,00 евра од солидарна шема.
Управниот одбор на федерацијата донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Првата лига кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачката сезона (програма за развој и минимум правни информации).
Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.
Управниот одбор денес за нов генерален секретар го назначи Леонид Јандреоски.