Данска одигра речиси совршен втор дел, во кој колку што таа одигра добро, толку нашиот состав одигра без жар, сила и очигледно капацитет да се справи со ситуацијата.
,По мечот селекторот Гоце Седлоски даде свое видување за натпреварот.
„Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски. Формацијата што ја работевме овие денови, таа и ја искористивме. Нивните крилни играчи се многу опасни. Имавме проблем со вметнување на бековите и создаваа проблем. На полувреме барав да се смириме, да се сконцентрираме, да почнеме да играме да подигнеме ритам.
Зошто така паднавме, ќе треба да се поразговара со играчите. Екипата е создадена од репрезентативци кои што играат во клубовите, главите се „врели“.
Имаме уште еден меч пред нас, по тоа ќе размислуваме што и како понатаму, и со овие и со останатите репрезентативци, сегашни или потенцијални. Не треба да губиш концентрација. Да бидеме фокусирани, деведесет минути. Примаш гол и за десет минути примаш уште два. Несфатливо. Не смее такви грешки да се случуваат. Данска напаѓа, „меле“ и се случува тоа што се случи. Тажни сме сите, играчите, ние…. фала за навивачите кои што дојдоа да не бодрат. Со работа ќе надокнадиме друг пат.