Фудбал

Седлоски: Целта е јасна, сакаме да ја елиминираме Данска

Седлоски: Целта е јасна, сакаме да ја елиминираме Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.5 часот) на стадионот „Паркен“ ќе го игра полуфиналниот бараж натпревар против Данска за пласман на СП.

Селекторот Гоце Седлоски упати порака дека „црвено-жолтите“ се дојдени во Копенхаген за да го елиминираат фаворитот и домаќин на оваа важна пресметка.

Данска е одлична селекција, меѓутоа нашата цел е јасна, дојдовме овде да се покажеме во најдобро светло, да бидеме фокусирани и на крајот да го елиминираме ривалот. Фудбалерите знаат што треба да направат, ја анализиравме максимално Данска во изминатите три дена, се подготвивме и утре треба тоа да го покажеме на теренот. Многу нѐ мотивираше и изјавата на Расмус Хојлунд, дека ние не сме квалитетни како Германија или Франција, ќе се потрудиме максимално да го покажеме нашиот квалитет. Посветени сме на нашата идеја, како сакаме да делуваме во текот на мечот, иако доволно добро ги анализиравме и сите добри страни на Данска“, изјави селекторот Гоце Седлоски.

To top