Фудбал сигурна иднина

Се редат потписи на „Сантијаго Бернабеу“: Валверде ја продолжи верноста кон Реал (ФОТО)

Договорот на Валверде е идентичен како оној на Камавинга кога е во прашање времетраењето што доволно говори дека Реал во нив како и во бразилскиот двоец гледа играчи кои ќе го носат клубот на долги стази.

Се редат потписи на „Сантијаго Бернабеу“: Валверде ја продолжи верноста кон Реал (ФОТО)

Екипата на Реал Мадрид продолжува со серијата на нови потписи, па откако долгорочно беа обезбедени Винисис Жуниор, Родриго Гоеш и Едуардо Камавинга денеска соработката беше продолжена и со Ернесто Валверде.

Уругвајскиот репрезентативец ја прифати подадената рака од шпанскиот великан и ќе биде активен на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 30 јуни 2029 година.

Договорот на Валверде е идентичен како оној на Камавинга кога е во прашање времетраењето што доволно говори дека Реал во нив како и во бразилскиот двоец гледа играчи кои ќе го носат клубот на долги стази.

Ернесто има одиграно 220 натпревари за Реал, постигнато 19 голови и освоено 19 трофеи.

To top