Фудбалскиот клуб Трабзонспор денеска ја објави разделбата со македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди.
-Договорот меѓу професионалниот фудбалер Енис Барди и нашиот клуб, кој започна на 11.08.2022 година, а завршува на 31.05.2025 година, е меѓусебно е раскинат. Според договорот, на играчот нема да му се исплати отштета за раскинување, стои кратко во објавата на клубот.
Генералниот сектерат на клубот, Сами Караман му врачил плакета на нашиот репрезентативец.
За Барди има интерес од клубови од Турција и Шпанија.