Мигел Гонсалвес, доктор кој работел со Диого Жота, ги објасни околностите во последните часови на трагично починатиот фудбалер.
Жота почина во четврток, само 40 минути по полноќ, во сообраќајна несреќа, заедно со својот брат Андре Силва. Веста за нивната смрт брзо се прошири низ целиот свет.
Во тоа време, Жота се опоравувал од проблеми со белите дробови, што го спречило да лета со авион.
Некои извори тврдеа дека претходно бил на забава, а потоа решил да седне зад воланот и да тргне на пат…
Иако многумина го обвинија Жота дека е уморен или дури и пијан, докторот кој работел со него има сосема поинаква верзија.
-Се збогував со Жота и неговиот брат околу 20:30 часот. Неговиот брат одлучи да оди со него, да му прави друштво. Сакаа да поминат повеќе време заедно. Тргнаа навечер, бидејќи во тоа време не беше премногу жешко за патувањето. Ми рече дека ќе патува околу осум часа, но дека ќе застане во хотел во Бургос за да се одмори. Диого беше вистински професионалец. Требаше да пристигнат во Сантандер денес, да фатат брод и да заминат за Англија. Семејството требаше да им се придружи подоцна. Имаше закажан состанок во Ливерпул. Морам да бидам јасен бидејќи видов некои работи на интернет, рече Гонсалвес.
Трагичната несреќа во која Диого Жота и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите се случи 40 минути по полноќ, додека патувале кон Бенавенте. Несреќата се случи кога гума пукна при претекнување.
Според првичните извештаи, Ламборџинито во кое патувале браќата изгубило контрола и излетало од патот, по што избувнал пожар. Се претпоставува дека пукнатината на задната гума при престигнување ја предизвикала експлозијата, која предизвикала пожар и се проширила на околната вегетација.