Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид официјално ќе го претстави својот нов напаѓач Килијан Мбапе на 16 јули во 12:00 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, соопшти денеска мадридскиот клуб.
Пред презентацијата, поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен (ПСЖ) ќе биде примен од претседателот на клубот од Реал Мадрид, Флорентино Перез, на протоколот за потпишување на петгодишен договор.
Мбапе ова лето се пресели во Реал по шестгодишен престој во ПСЖ, одигрувајќи 172 натпревари за францускиот клуб.
Мбапе беше капитен на француската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија, на кое вчера Триколорите загубија во полуфиналето од Шпанија.