Фудбал

Саутгејт: Задоволен сум од играта

Саутгејт: Задоволен сум од играта

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саудгејт изјави дека е задоволен од настапот на неговата репрезентација во поголемиот дел од вечерашниот натпревар против Србија на Европското првенство.

Англичаните славеа со 1-0, со голот на Белингем, но оставија добар впечаток само во првиот дел.

„Србија е силен тим. Мислам дека добро го одбранивме шеснаесетникот. Задоволен сум од играта во поголемиот дел од натпреварот. Во вториот дел не ја држевме топката како што би сакал, но остваривме многу важна победа“, рече Саутгејт.

 

To top