Фудбал

Саутгејт: Подготвени сме на сè за мечот со Холандија

Саутгејт: Подготвени сме на сè за мечот со Холандија

Герет Саутгејт, селекторот на англиската репрезентација, на официјалната прес-конференција го најави полуфиналниот дуел со Холандија на ЕП,а особено го пофали неговиот колега од спротивната страна Роналд Куман.

„Подготвени сме на сè, ќе биде возбудлив натпревар со многу добри играчи на теренот. Ни треба уште еден чекор понапред од она што го прикажавме на последниот натпревар. Јас сум многу среќен што имам прекрасна група на играчи и работиме како тим. Разгледавме детали за нашата игра, каде може да се поправиме и сите сме отворени за напредок. 

Атмосферата на ваквите натпревари секогаш била фантастична. Сигурен сум дека ќе се слушаат и нашите навивачи. Моите сеќавања од натпреварите со Холандија, од портокаловите трибини ми се живописни. Ова се натпреварите кои секој сака да ги игра“, рече Саутгејт.

To top