Фудбал

Саудискиот клуб каде настапува Кристијано Роналдо пред колапс?

Саудискиот клуб каде настапува Кристијано Роналдо пред колапс?

Саудискиот клуб Ал Наср остана без претседател и важен член на менаџерскиот тим, а тимот наскоро би можел да биде распуштен.

Ал Наср е тимот кој ја започна револуцијата во светскиот фудбал со ангажманот на Кристијано Роналдо за договор од 200 милиони евра по сезона.

Многумина за неуспехот ги обвинуваат луѓето од државниот врв. Кај навивачите и челниците на Ал Наср владее мислење дека се „туркаат“ најголемите тимови на оваа земја, пред се Ал Хилал, потоа Ал-Итихад и Ал-Ахли.

Судиските одлуки на теренот често предизвикуваа револт, се верува дека главните луѓе на Саудиска Арабија го користеле Кристијано Роналдо за промоција на лигата и дека сега имаат јасен план полека да го испратат Ал Наср во заборав.

Претседателот Ибрахим Ал-Мухаидиб не можеше да го толерира тоа. Тој реши да ја напушти функцијата прв човек на клубот, разочаран од односот кон клубот.

„Имаше намера да го направи Ал Наср најдобар клуб во Азија. Сепак, тие не му го дозволуваат тоа и нема надеж дека клубот ќе може да направи нешто“, пренесуваат медиумите блиски до Ал Наср.

 

To top