Селекторот на Англија Герет Саутгејт вели дека проблемите во играта се главно поради тоа што нема соодветна замена на Калвин Филипс кој изостана од тимот поради лошата форма.
Неговата замена сега е Трент Александер-Арнолд, но Саутгејт вели дека тој експеримент не успева.
„Немаме соодветна замена за Калвин Филипс. Се обидуваме со различни работи и во моментов немаме течна игра. Трент е експеримент и тој експеримент не се покажа добар. Ни треба подобар пресинг“ – вели Саутгејт, кој е задоволен од резултатите на тимот.
„Сите во Англија мислат дека треба да излеземе на терен и на секој меч да постигнуваме по три-четири гола. Но, не оди тоа така. Сепак, ова е Европско првенство на кое се најдобрите и секој сака да дојде до успех. Долг е турнирот и треба да ја темпираме формата за останување до крајот на шампионатот“ – истакнува Саутгејт.