Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за услугие на Џејдон Санчо од Манчестер јунајтед.
Како што пренесува „Лекип“, шампионот на Франција е многу блиску до договор со англискиот фудбалер кој вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Борусија Дортмунд.
Санчо неодамна се врати од одмор и ги започна подготовките со Манчестер јунајтед, откако фудбалерот разговараше со менаџерот Ерик тен Хаг, со кого беше во конфликт.
Тен Хаг најави дека Санчо ќе добие шанса оваа сезона, тој одигра одличено минатата сабота на натпреварот во Единбург во кој Јунајтед го победи Ренџерс со 2-0.
Сепак, Французите веруваат дека можат да се договорат и со Манчестер јунајтед. За да ја остварат целта ќе ја искористат заинтересираноста на „црвените ѓаволи“ за Мануел Угарте.
Останува да се види како ќе се развиваат работите во наредните денови, но се верува дека Санчо е подготвен да се пресели во Париз.
Во дресот на Јунајтед, Санчо одигра 82 натпревари од 2021 година и постигна 12 гола со шест асистенции.
Интересно е што некои медиуми додаваат и дека Санчо не е единствениот играч за кој се распрашува ПСЖ.
Французите наводно се заинтересирани и за искусниот Бруно Фернандеш, додека Јунајтед, од друга страна, покрај Угарте е заинтересиран и за Чави Симонс.