По една сезона на позајмица во Челси, Џејдон Санчо дефинитивно не е дел од плановите на Манчестер Јунајтед, а летово се очекува да ја смени средината. Според информациите од Италија, „црвените ѓаволи“ имаат намера да го искористат како дел од голем трансфер – ангажманот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Наполи покажал интерес за Санчо, а тоа би можело да биде клучниот елемент за реализација на договорот за Осимен, кој е прва напаѓачка цел на менаџерот Рубен Аморим.
Иако Челси освои Конференциска лига и Санчо постигна гол во финалето, лондонскиот клуб нe го откупи неговиот договор. Тој се враќа на „Олд Трафорд“, но клубот активно работи на негов трансфер.
Во меѓувреме, Јунајтед веќе реализираше значаен трансфер, доведувајќи го Матеус Куња од Вулвс за над 70 милиони евра, но тоа е само дел од реконструкцијата на тимот. По разочарувачката сезона во која завршија на 15. место во Премиер – лигата и загубија во финалето од Лига Европа од Тотенхем, Аморим бара целосно нова структура на тимот.