Фудбал

Само четири клуба од Серија А се за скратување на лигата

Само четири клуба од Серија А се за скратување на лигата

Според последните информации само четири клуба во Серија А гласале за кратење на лигата и поради тоа идејата била отфрлена.

Главни „заговорници“ за кратење на лигата биле Јувентус, Милан, Интер и Рома, сепак сите останатите биле против.Критики на сметка на овие клубови испрати првиот човек на Торино, Урбано Каиро.

„Тоа што тие сакаат да го направат е еден вид „мини Суперлига“, денешниот состанок потврди дека најголем дел од клубовите сакаат да го задржат овој формат со 20 клуба бидејќи останатите водечки лиги како англиската и шпанската имаа исто толку. Овој состанок беше пријателски, иако се случи во погрешно време. Ние како клубови сме на иста страна, меѓутоа се доби впечаток дека недостигаше респект од одредени страни“, изјави Каиро.

Инаку во Серија А учествуваат 20 клубови од сезоната 2004/2005 кога се направи проширување на лигата.

To top