Фудбал договор

Салах откри зошто потпиша нов договор со Ливерпул

Вест на денот од Англија и Премиер лигата е новиот договор на Мохамед Салах со Ливерпул, договор според кој ќе остане на „Енфилд Роуд“ најмалку до 2027 година.

Салах откри зошто потпиша нов договор со Ливерпул

Вест на денот од Англија и Премиер лигата е новиот договор на Мохамед Салах со Ливерпул, договор според кој ќе остане на „Енфилд Роуд“ најмалку до 2027 година.

Ова е пресврт кога е во прашање ситуацијата со африканецот кој во еден период од оваа сезона изјавуваше дека нема никакви контакти за продолжување на соработката и дека едноставно е на излезни врати од клубот, меѓутоа по се изгледа работите се променија во претходниве недели и се пронајде заеднички јазик според кој Мо може да закружи цела деценија како член на англискиот великан.

-Многу сум возбуден. Сега имаме одличен тим. И претходно имавме одличен тим. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освојуваме трофеи и да уживаме во мојот фудбал. Одлично е, тука ги поминав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет.

-Уживам во мојот живот овде, уживам во мојот фудбал. Ги имав најдобрите години во кариерата. Би сакал да им кажам на [фановите], многу сум среќен што сум овде. Потпишав овде затоа што верувам дека можеме заедно да освоиме многу големи трофеи. Продолжете да не поддржувате и ние ќе го дадеме најдоброто од себе и се надевам дека во иднина ќе освојуваме повеќе трофеи, -истакна Мо објаснувајќи ја својата одлука за потписот на двегодишниот договор.

To top