Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах им остави двосмислена порака на фановите на тимот на социјалните мрежи.
Во победата над Брајтон (2:1) викендот во 10. коло од Премиер лигата, 32-годишниот Египќанец го постигна победничкиот гол. По оваа победа Ливерпул се искачи на првото место во Премиер лигата.
– Врвот на табелата е местото каде што припаѓа овој клуб. И ништо помалку. Сите екипи добиваат натпревари, но на крајот има само еден шампион. Ова е она што го сакаме. Ви благодариме за вашата поддршка. Што и да се случи, никогаш нема да заборавам како беше да се постигне гол на Енфилд“, напиша Салах.
Договорот на египетскиот фудбалер со Ливерпул истекува следното лето. Оваа сезона одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет голови и седум асистенции.
Салах игра за Ливерпул од 2017 година.