Фудбал Африкански куп на нации

Салах донесе победа за Египет на АФКОН

Голот за победа го постигна Мохамед Салах во 90+1 минута. Инаку, Зимбабве поведе во 20.минута преку Принс Дубе, а во 64.минута изедначи Омар Мармуш.

Салах донесе победа за Египет на АФКОН

Репрезентацијата на Египет со победа го стартуваше настапот на АФКОН (Африкански куп на нации) откако синоќа во натпревар од групата Б го совлада Зимбабве со 2:1.

Голот за победа го постигна Мохамед Салах во 90+1 минута. Инаку, Зимбабве поведе во 20.минута преку Принс Дубе, а во 64.минута изедначи Омар Мармуш.

На вториот дуел од групата Б Јужна Африка ја победи Ангола со 2:1. Вчера се одигра и вториот натпревар од првото коло од А групата Мали – Замбија 1:1.

Денеска на програмата се четири натпревари: Нигерија – Танзанија и Тунис – Уганда (група Ц), Конго – Бенин и Сенегал – Боцвана (група Д). (МИА)

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top