Фудбал

Руските клубови се поблиску до враќање во натпреварувањата на УЕФА

Руските клубови се поблиску до враќање во натпреварувањата на УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков најави дека полека ќе се вратат руските клубови под капата на УЕФА.

„Европската сезона продолжува оваа есен, а во овој момент има бројни состаноци и конференции на кои може да се донесат одлуки кои ќе го забрзаат враќањето на нашата земја во европските фудбалски натпреварувања. Моето искуство ми кажува дека таа одлука порано или подоцна ќе биде донесена Ми се чини дека позициите на другите федерации се менуваат од месец во месец“, изјави Дјуков.

To top