Фудбал Ќе чекаат

Русите ја одложија одлуката за напуштање на УЕФА

Русите ја одложија одлуката за напуштање на УЕФА

Руската фудбалска федерација долго размислуваше да ја напушти УЕФА и да стане член на Азиската фудбалска конфедерација, но на крајот раководството не се одлучило за ваков чекор.

Русите се фрустрирани поради фактот што се исклучени од европските натпреварувања поради руско-украинскиот воен конфликт, но барем засега нема да го направат претходно најавениот чекор и да ја напуштат фудбалска Европа.

Одговорните во федерацијата велат дека се уште се надеваат на позитивен епилог на преговорите со УЕФА, затоа што како што велат, веќе е направен одреден напредок.

Претходно, УЕФА во еден момент реши да и дозволи на У-17 репрезентацијата на Русија да игра квалификации, но ја повлече одлуката под притисок на жестоките реакции на Украина, но и други европски федерации.

Поврзани теми

To top