Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни на саботниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Селтик откри дека во текот на кариерата сакал да игра за шкотскиот гигант.
Руни на натпреварот меѓу легендите на Манчестер Јунајтед и Селтик што вчера се одигра на Олд Трафорд постигна еден гол, а на крајот шкотскиот клуб го доби натпреварот со 5-4 по изведувањето пенали.
„Селтик секогаш беше тимот што го следев и секогаш сакав да победуваат. За жал, не ја добив шанса, а сакав дел од мојата кариера да ја минам во Селтик. Ја немав таа шанса. Мислам дека секогаш натпреварите против Селтик беа посебни“, изјави Руни.
Руни пред почетокот на натпреварот доби на подарок дрес на Селтик и се пошегува: „Не сум сигурен дали сега ќе ми стои. Ви благодарам многу за тоа, го ценам тоа. Ќе го чувам ова во мојот дом“.