И официјално беше потврдено дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на фудбалскиот мундијал во 2034 година.
По вторпат во историјата Блискиот Исток ќе биде во центарот на најголемата фудбалска јавноста, поточно по Катар и Саудиска Арабија ќе ја има честа да ги пречека најдобрите светски селекции по една деценија.
Оваа вест го израдува Кристијано Роналдо кој и од претходно даваше максимална поддршка, па и воедно порача дека тој турнир ќе биде најдобар во историјата на СП.
– 2034 година ќе биде најдоброто Светско првенство досега. Неверојатно! Инфраструктурата, стадионите, условите за навивачите и се и по она што го гледам, јас сум повеќе од убеден дека 2034 година ќе биде најдоброто Светско првенство во историјата.
– Едно или две од овие деца со кои ќе бидам заедно денес ќе играат на Светското првенство. Верувам дека ќе продолжат да растат, особено и жените, дека и тие растат многу добро. Мораме да растеме заедно во сè. Не само во фудбалот туку и во животот и ќе ги мотивирам да работат напорно, верувајте во тоа, – порача ѕвездата на Ал Наср.
Congratulations to all my friends in Saudi, I know how proud you all are today and I am sure @Saudi2034 will be historic 🇸🇦🏆#WelcomeToSaudi34 pic.twitter.com/m0GB1O2R4w
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) December 11, 2024