Кристијано Роналдо често е провоциран со скандирања за Меси со кои противничките навивачи во Саудиска Арабија се обидуваат да го извадат од колосек. Некогаш успева да се контролира, но на дуелот против Ал Шабаб срамно гестикулираше поради што доби суспензија од еден натпревар.
„Секогаш ќе ја респектирам културата во државите каде играм иако луѓето не ја гледаат секогаш реалност. Погрешив и нема повеќе така да правам тука, но во Европа ова е сосема нормално“, изјави Роналдо.
Поради суспензијата, тој не играше против Ал Хазм во мечот во кој неговиот Ал Наср ремизираше 4-4 и направи голем чекор назад во борбата за шампионската титула.