Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо побара од судијата да не досуди пенал во корист на неговиот тим на натпреварот од 5. коло од азиската Лига на шампиони против Персеполис (0:0).
Во втората минута од средбата Португалецот падна во шеснаесетникот на иранскиот тим по еден дуел со противнички играч. Првично судијата досуди пенал, но Роналдо му пријде на судијата и му објасни дека правилата не се прекршени и побара пеналот да биде поништен.
По интервенција на ВАР, казната беше поништена.
Ал-Наср ремизираше со Персеполис и си обезбеди ран пласман во плејофот од Лигата на шампионите во Азија. Тимот од Саудиска Арабија освои 13 поени на пет натпревари. Персеполис е втор со оусм поени ја загуби шансата да се израмни со Ал-Наср на едно коло пред крајот на групната фаза.