Фудбал интервју

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Кристијано Роналдо (40) повторно гостуваше во емисијата на Пирс Морган. Интервјуто ќе биде емитувано оваа недела, објави Морган, по 80-минутното интервју со Роналдо во неговиот дом во Саудиска Арабија. Некои делови од интервјуто „протекоа“.

Еден е неговиот одговор на прашањето за неговото отсуство од погребот на соиграчот Диогу Жота, кој трагично почина во сообраќајна несреќа летово.

„Две работи, луѓето многу ме критикуваат. Како што реков, не ми е гајле за тоа, бидејќи кога чувствувате дека вашата совест е чиста и слободна, не мора да се грижите за тоа што велат луѓето“, започна Роналдо.

„Но, една од работите што не ги правам е тоа што откако почина мојот татко, никогаш повеќе не отидов на гробишта“, рече тој, а потоа продолжи: „Второ, го знаете мојот углед, каде и да одам, има циркус. Не одам затоа што, ако одам, целото внимание е врз мене, а јас не сакам такво внимание.“

„Луѓето сè уште може да ме критикуваат, се чувствувам добро поради оваа одлука. Не морам да бидам во преден план за луѓето да ме видат, јас планирам работи, мислам на неговото семејство. Не морам да бидам пред камерите за луѓето да видат што правам. Тоа го правам зад сцената“, заклучи тој.

Жота го загуби животот на 3 јули 2025 година, во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, заедно со неговиот помлад брат Андре. Нивниот автомобил излета од патот и се запали. Веста за нивната смрт го шокираше спортскиот свет и навивачите ширум светот.

To top