Фудбалерот на саудискиот клуб Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна својот 904-ти гол на натпреварот против Ал Рајан, изјави дека во иднина не го интересираат личните најдобри резултати, објави денеска францускиот спортски весник Л’Екип.
Роналдо во понеделникот постигна еден од двата гола против Ал Рајан во азиската Лига на шампиони.
Португалскиот фудбалер, кој е петкратен добитник на Златната топка, изјави дека сега само сака да биде совршен соиграч.
„Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е играчот да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да му помогнам на Ал Наср и моите соиграчи да победат“, изјави 39-годишниот Роналдо.