Кристијано Роналдо ќе пропушти уште еден натпревар откако го продолжува бојкотот. Ова ќе биде втор неодигран натпревар едноподруго за Ал Наср, откако од 2022 година го носи дресот на овој клуб, а сè уште нема освоен некој битен трофеј.
Главна причина за незадоволството на Кристијано Роналдо е незадоволството за лошиот статус на Ал Наср кај саудискиот инвестициски фонд, кои има влијание кај сите клубови.
Роналдо дури и се закани дека може да ја напушти Саудиска Арабија, ако нешто не се промени. Тој го прескокна и последниот тренинг, а незадоволството е поголемо откако Карим Бензема направи трансфер во редовите на големиот ривал Ал Хилал.