Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо импресионира во Саудиска Арабија со најновиот гол што го постигна за Ал-Наср во победата над Ал-Калеј (4-1).
Ѕвездата пред самиот финиш во 96. минута ја потврди победата со атракција. Роналдо даде спектакуларни „ножички“ кои го обиколија фудбалскиот свет. Стадионот експлодира од одушевување, а Португалецот прослави со неговото препознатливо „Сиууу“.