Кристијано Роналдо е суспендиран на два меча неиграње во првенството на Саудиска Арабија поради простачкиот гест кој го направи кон навивачи кои беа на трибините и скандираа „Меси, Меси“. Искусниот напаѓач на Ал Наср често е мета на такви провокации од трибините, а на дуелот против Ал Шабаб реши да им „одговори“ на провокаторите и прво се фати за уво симулирајќи дека „не ги слуша“, а потоа се фати и за меѓуножјето.
„Ги почитувам сите клубови. Мојот потег беше израз на сила, тој не е срамотен и на тоа сме навикнати во Европа“, беше одговорот на Роналдо кога слушна за суспензијата добиена од Дисциплинската комисија.
Освен суспензијата од два меча, Роналдо е казнет и парично. Засега не открива паричната казна, но со оглед на тоа дека годишно добива 200 милиони евра, која и да биде казната, нема да му падне многу тешко.
Роналдо ќе ги пропушти дуелите на Ал Наср против Ал Хамза и Ал Раед, а меѓу тие две средби тимот од Саудиска Арабија ќе игра и против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати во азиската Лига на шампиони.