– Среќен сум што сум во Саудиска Арабија, многу среќен. Среќен сум што го претставувам Ал-Наср и за мене нашата сезона е позитивна бидејќи сè уште имаме шанси на сите турнири, го цитира Роналдо новинарот Фабицио Романо.
Триесет и деветгодишниот Португалец настапува за Ал-Наср од јануари 2023 година. Оваа сезона Роналдо одигра 31 натпревар, постигна 28 гола и 11 асистенции.
Во текот на својата кариера Роналдо настапуваше и за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и матичниот клуб Спортинг од Лисабон.