Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку се враќа во Серија А, овој пат во дресот на Наполи, објави вечерва познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.
Лукаку откако претходно го носеше дресот на Интер и Рома, сега се враќа во италијанското првенство.
Челси се договори за трансфер во Наполи каде ќе игра под водство на Антонио Конте кој најмногу инсистираше на негово доведување во Неапол.
Челси ќе добие отштета од 30 милиони евра, додека уште 15 ќе бидат исплатени преку одредени бонуси.